fbpx

Регистрирани 659 нови случаи со ковид-19, починаа 23 лица, а оздравени се 774 пациенти

-

Во последните 24 часа се направени 1.715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-248, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-33, Тетово-40, Струга-39, Велес-33, Битола-46, Охрид-47, Кавадарци-14, Гостивар-21, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-14, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-11, Валандово-1, Виница-11, Делчево-5, Свети Николе-17, Кичево-4, Ресен-12, Неготино-21, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од: Скопје-331, Куманово-140, Дебар-10, Штип-27, Прилеп-45, Тетово-11, Струга-28, Велес-41, Битола-28, Охрид-33, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-8, Пробиштип-4, Демир Хисар-6, Македонски Брод-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-1, Свети Николе-16, Кичево-11, Ресен-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67.968, а бројката на оздравени пациенти е 43.646. Досега починаа 1.924 лица, а бројот на активни случаи изнесува 22.398.

Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје (10.767), Гостивар (1.121), Тетово (1.100) и Прилеп (1.032).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...