Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 53 нови случаи на оваа болест.

Од новите случаи на ковид-19 регистрирани во последните 24 часа, најголема бројка има во Скопје – 29, потоа следуваат Прилеп со 7 нови случаи, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2, Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

Во истиот период, регистрирани се 111 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г, 63г, 68г, 81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г, 74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).

Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.