fbpx

Регистрирани 335 нови случаи на ковид-19, пријавени се 8 починати лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на ковид-19, при што најголем дел од нив се од Скопје – 179, Прилеп – 31 и Битола – 16.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Исто така, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1) на возраст од 66 до 87 години.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 515 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.182.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...