fbpx

Регистрирани 312 нови случаи на ковид и петмина починати

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава биле направени 2.605 тестови, а регистрирани 312 нови случаи на ковид-19, од кои најголемиот број е од Скопје – 181. Следен на листата на нови случаи е Прилеп, со 17 регистрирани случаи.

Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција.

Во изминативе 24 часа, регистрирани сe 290 оздравени пациенти и едно починато лице од Радовиш (77г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.925.963 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...