Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања од кои регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Во болнички услови починале 11 лица, од кои 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г), 3 пациенти од Прилеп (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г).

Регистрирани се 167 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, а бројката на оздравени пациенти е 91.233. Починаа 3.137 лица, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.

Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на ковид-19.