Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на корона вирус во земјава. Од нив, 20 случаи се регистрирани во Скопје, по три случаи во Куманово и Велес, два случаи во Прилеп и еден во Дебар. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 177 лица, од кои 1 е излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, најмногу случаи (108) досега се констатирани во Скопје. Дебар има 41 регистиран случај и 1 починато лице, во Куманово има 11 случаи и 1 починато лице, додека во Штип како позитивни на корона вирусот досега се тестирани 7 лица. Во Велес се регистрирани 3 случаи, додека по 2 случаи на КОВИД-19 има во Кавадарци, Охрид и Прилеп. Во Гостивар до денеска во 12 часот има 1 случај на граѓанин заразен од корона вирус.