Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 953 тестови за ковид-19, а регистрирани се 23 нови случаи: Скопје – 19, Прилеп – 2, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.

Регистрирани сe и 190 оздравени пациенти и едно починато лице, од Охрид (80 г.), починато во болнички услови, кое имало коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.984.493 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на откриени случаи изнесува 307.817. Бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 1.211.