fbpx

Регистрирани 190 нови случаи на ковид-19, 2.009 оздравени и шест починати пациенти

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6, Прилеп-12, Гостивар-3, Штип-6, Битола-1, Велес-6, Охрид-5, Струмица-6, Кавадарци-8, Струга-11, Кочани-1, Кичево-8, Гевгелија-4, Неготино-8, Дебар-3, Ресен-7, Делчево-2, Радовиш-1, Пробиштип-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.009 оздравени пациенти од: Скопје-1.356, Куманово-51, Тетово -115, Прилеп -11, Гостивар-71, Штип-21, Битола-33, Велес-33, Охрид-81, Струмица-27, Кавадарци-41, Струга-33, Кочани-8, Кичево-22, Свети Николе-8, Гевгелија-10, Дебар-10, Крива Паланка-7, Ресен-14, Радовиш-2, Берово-1, Делчево-17, Виница-10, Пробиштип-2, Валандово-1, Демир Хисар-6, Македонски Брод-2, Богданци-2, Крушево-1, Македонска Каменица-11, Демир Капија-1, Дојран-1.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12.635.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...