Регистрирани 166 нови случаи на ковид-19, десет смртни случаи и 416 оздравени

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19. Распоредено по градови, во Скопје се откриени 88 нови случаи, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 416 оздравени пациенти, од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево -2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66 г.), еден од Куманово (72 г.), двајца од Штип (59 и 55 г.), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78 г.), еден од Охрид (82 г.) и еден пациент од Радовиш (65 г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.494, бројката на оздравени пациенти е 66.209, на починати е 2.581, а бројот на активни случаи изнесува 16.704.