Во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а се регистрирани 152 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Притоа, бројот на новозаболени лица по градови е следен: Скопје-58, Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3 и Кичево-2.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.

Во болнички услови се починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).

Со последните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, на оздравени пациенти е 14.312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.176. Досега се направени вкупно 181.034 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72, на кислородна поддршка се 45 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле на лекување се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19 и 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно на лекување се 35 лица. На респиратор има 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во Штип 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на ковид-19.