Регистрирани 142 нови случаи на ковид-19 и уште четиримина починати

-

Според најновите податоци што ги објави Министерството за здравство, во последниве 24 часа во земјава се направени 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19. Од нив повеќе од половината се од Скопје – 77, а по него е Битола со 22 нови случаи и Кавадарци, Гостивар и Струмица со по 5. Во другите градови, бројките се помали од тоа.

Од вкупниот број позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.

Бројката на оздравени пациенти во последното деноноќие е 198.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (82г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 07.03-08.04.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.990.996 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на потврдени случаи изнесува 308.294. Бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а бројот на активни случаи изнесува 1.112.

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од приватната болница „Плодност“. Станува збор за прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец....