fbpx

Регистрирани 142 нови случаи, 98 оздравени и пет лица починати од ковид-19

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 98 оздравени пациенти, а починати се пет лица, и тоа по еден пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...