fbpx

Регистрирани 129 новозаразени со ковид-19, починаа 6 лица, а оздравени се 109 пациенти

-

Во изминатото деноноќие, регистрирани се 129 новозаразени со корона вирус од направени 1.535 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу (45) се во Скопје и 25 во Штип. По девет заразени има во Тетово и Гостивар, седум во Куманово, во Битола и Кичево шест, Струга – пет, Прилеп – четири, по три има во Охрид, Кочани и Свети Николe. По еден нов случај има во градовите Дебар, Кавадарци, Демир Хисар и Делчево.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти, најголем дел од нив во Скопје.

Од Министерството за здравство информираат дека денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Инаку, досега во земјата направени се вкупно 92.550 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 9.797. Регистрирани се 5.254 оздравени пациенти, а починаа 451 лице. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 4.092.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...