Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4 и Ресен-2.

Во изминатово деноноќие починати се седум лица, од кои пет пациенти се од Скопје, еден од Тетово и еден од Крушево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3 и Ресен-6.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678.