fbpx

Регистрирани 1.160 нови случаи на ковид-19, оздравени се 1.094 пациенти, починаа 30 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.864 тестирања, а се регистрирани 1.160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-10, Македонски Брод -10, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-5, Виница-2, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-26, Ресен-17, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје евидентира 1.094 оздравени пациенти од: Скопје-560, Куманово-55, Дебар-5, Штип-32, Прилеп-59, Тетово-51, Струга-22, Велес-35, Битола-47, Охрид-38, Кавадарци-31, Гостивар-26, Гевгелија-5, Струмица-17, Крива Паланка-11, Радовиш-13, Крушево-3, Кочани-18, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-8 ,Кичево-16, Ресен-4, Неготино-18.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 58.608, бројката на оздравени пациенти е 36.064, на починати е 1.630, а бројот на активни случаи изнесува 20.914.

Скопје и понатаму е прв на листата според бројот на регистрирани 25.706 случаи на ковид-19, од кои активни се 10.039.

Од скопските општини, најголем број на активни случаи на корона вирус имаат: Гази Баба – 1.488, потоа Аеродром – 1460 и Кисела Вода – 1.235.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...