fbpx

Регионот против дезинформациите: Политички лаги за опозиционерите во Србија

-

Справување со политички мотивирани невистини во Србија вршат два српски сервиса за проверка на фактите и за борба против дезинформациите.

„Истиномер“ ја оценува изјавата на Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дадена во емисија на телевизијата „Пинк“. Таа меѓу обидите да ги „дисциплинира“ новинарите што се критички настроени кон власта, исто така рекла дека на телевизијата Н1 не гостува никој што има спротивни ставови на опозициската коалиција Сојуз за Србија.

Но, „Истиномер“ со анализа утврдил дека на оваа телевизија во изминатиот период гостувале не само премиерката Ана Брнабиќ и министерката Зорана Михајловиќ и други истакнати функционери на власта, како и други фигури кои не припаѓаа на коалицијата.

Другиот српски сервис за проверка на факти, „Раскрикавање“, пак успешно раскринка дезинформација во напис на „Информер“ во кој се тврди дека режисерот Кокан Младеновиќ, инаку остар противник на власта во Србија, повикувал на граѓанска војна. Но вистината е сосема на друго место, пишува „Раскрикавање“, оти Кокан Младеновиќ всушност рекол дека во државата се блокирани сите механизми на демократијата и власта ќе мора да се „менува на улица“. Но тој тоа не го прави како повик за граѓанска војна, туку повеќе како констатација дека власта нема слух за критиките и единствената можна промена би била само преку излегување на граѓаните на улица, вели сервисот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...