fbpx

Регионалното здружување e едно од можните решенија во борбата против загадувањето

-

На последниот ден на самитот „Македонија 2025“ се одржа и панел кој беше посветен на животната средина, загадувањето на воздухот и јавните политики во оваа сфера.

Еден од панелистите беше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини кој рече дека многу е важно да се собираат податоци, бидејќи ако не се знаат изворите не може да се најдат решенија за загадувањето.

Нуредини, како извори на загадувањето ги истакна отсуството на енергетска ефикасност на затоплување на домовите, возилата кои се увезени од ЕУ, но се под стандардите и индустријата.

„Министерството е одговорно за политиките и предложуваме закони, но потребна е соработка на повеќе нивоа и инстутуции. Приватниот сектор да се запраша што произведува и како, граѓаните што купуваат и во каква амбалажа. Државата треба да даде алтернатива“, рече Нуредини.

Според него голем проблем е и управувањето со цврстиот отпад па посочи дека недостасуваат контејнери во руралните средини. За изградбата на модерни депонии, додаде дека многу е тешко да се најде заеднички јазик со градоначалниците на општините бидејќи никој во неговиот град не сака да има депонија, иако би работела според стандарди.

Посочи дека во Акцискиот план потребни се приоритети бидејќи сите тие мерки чинат скапо.

Јасминка Јанг од фондацијата РЕС од Србија вели дека во таа држава 79 проценти од загадувањето со ПМ-2,5 честичките е од индивидуалното греење на домовите, индустријата е со околу седум проценти, а останатото е од сообраќајот.

„Тешко е да се најде лесно решение на брз и ефикасен начин. Јавниот сектор може да служи како добар пример, да направи брза промена на горивата. Бидејќи како регион имаме слични проблеми, можеби ќе можеме да изнајдеме и слични решенија. Нашите држави немаат добра пракса во креирањето на политики во оваа борба против загадувањето, па потребна ни е помош од надвор“, додаде Јанг

Изненаден од тоа дека греењето на домаќинствата е еден од најголемите проблеми во загадувањето, Јонас Коивисто, специјалист за управување со загадување на воздухот и вонреден истражувач на Универзитетот во Хелсинки, излезот го гледа во нуклеарна централа, чија што вишок топлина би се користела за загревање.

ПМ-2,5 честичките во Финска изнесуваат од пет до 10 микрограми на кубен метар, но според него, треба да се работи на нивно намалување на два до три, за да се намали ризикот на смртност од загаден воздух.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...