fbpx

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Груевски им ја краде визијата

-

Од внатрепартиска иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека лидерот на партијата, Никола Груевски, им ја краде визијата за тоа како треба да се движи партијата.

„На вчера одржаната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, за претставување на кандидатите за локалните избори, Никола Груевски презентираше некоја негова визија за тоа како треба да се движи партијата. При тоа, Никола Груевски буквално ги украде јавно презентираните заложби на Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините декларации, а особено декларацијата за европска ВМРО-ДПМНЕ за европска Република Македонија“, се вели во соопштението на иницијативата за реформи.

Од таму велат дека добро е што конечно Никола Груевски прифатил дека се потребни значителни реформи во ВМРО-ДПМНЕ и ја препознал јасната визија на реформаторите.

„Сепак потенцираме дека тој нема кредибилитет ниту во партијата, ниту во јавноста да ги реализира овие реформи. Нова визија во партијата и во Македонија ќе има, ама без Никола Груевски. Крадењето на една напредна визија за иднината на паријата и државата, само по себе покажува дека Никола Груевски повеќе нема капацитет за лидерство, кое е потребно во овие моменти. Реформите во партијата ќе произлезат од волјата на членството и ќе бидат континуитет на идеалите на историското ВМРО на кое ВМРО-ДПМНЕ е наследник. Новата сила на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, а во неа нема место за луѓе без идеи и капацитет“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...