fbpx

Референдум за приклучување кон Русија во украинските региони под руска контрола

-

Во украински области контролирани од Москва и проруските сили започна гласањето на референдумите за приклучување кон Русија, соопштија тамошните про-руски власти, пренесе Асошиејтед прес.

Гласањето се одржува во регионите Луханск, Херсон и делумно контролираните од Русија, Запорижје и Донецк.

Резултатите од референдумот би биле изговор за Русија да тврди дека обидите на украинските сили да ја вратат контролата се всушност напади врз самата Русија, што драматично ја ескалира седуммесечната војна.

Референдумот следи по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација, која би можела да вклучи уште околу 300.000 руски војници во војната. Гласањето ќе трае пет дена, до вторник следната недела.

Спроведување референдуми со месеци наназад се споменуваше од страна на проруските сили, меѓутоа неодамнешните успеси на украинската контраофанзива и ослободувањето на големи делови од окупираната територија ги поттикнаа про-руските власти да го закажат гласањето.

Додека гласањето започна во окупираните региони, руските социјални мрежи беа преполни со драматични сцени на расплакани семејства кои се збогуваа со мажите кои заминуваа од центрите за воена мобилизација. Во градовите низ огромната земја, мажите ги гушкаа своите расплакани членови на семејството пред да заминат. Руските антивоени активисти, во меѓувреме, планираат уште протести против мобилизацијата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...