fbpx

Референдум во Босилово за рудникот Иловица

-

Жителите на општина Босилово денеска на референдум се изјаснуваат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и за злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список се запишани 12.301 полнолетно лице, кои ќе гласаат на 19 избирачки места.

За референдумот да биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас.

Од Општинската изборна комисија информираа дека во општина Босилово вчера своето право на глас го оствариле четири лица, кои се пријавиле како болни и изнемоштени и нивните ливчиња се затворени до утрешното пребројување.

Во Струмичкиот Регион, за работењето на рудници, на 17 септември на референдум ќе се изјаснат и жителите на општина Ново Село.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...