fbpx

Реџепи дошол во полициска станица, не бил киднапиран, туку со семејството заминал кај пријател

-

Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој вчера со своето неприсуство го оневозможи гласањето недоверба на владата, пред малку своеволно дошол во полициската станица Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информира полицијата, Реџепи заедно со семејството заминал кај пријател за да се заштити од публицитетот поврзан со собраниската седница.

„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница“, гласи краткото соопштение од МВР во однос на пријавата за Реџепи дека е исчезнат, која вчера ја поднесе претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.

Инаку, Реџепи вчера утрото не се појави на собраниската пленарна седница на која требаше да се гласа доверба на владата. Тој беше еден од потписниците на интерпелацијата, но во последен момент се предомисли.

Реџепи на Фејсбук напиша дека главната причина поради која што нема да се појави на седницата за гласање на доверба на владата, е тоа што ги поддржува евро-интегративните процеси на земјата.

„Државата во овој важен период нема потреба од политичка криза и загазување во немирни води полни со непознаници“, објави тој.

Лидерот на Беса и актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами пред Собранието во изјава за медиумите рече дека има индиции оти пратеникот е запрен против неговата волја и во тоа ќе верува сè додека не го види лично и додека самиот тој не го каже својот став.

Подоцна во текот на денот, откако покрај Касами и другите лидери на опозицијата како Христијан Мицкоски и Зијадин Села и Димитар Апасиев јавно се посомневаа дека тој не присуствува на седницата не по своја волја, Реџепи објави видео на Фејсбук.

Во видеото тој му порача на Касами да не се грижи за него, бидејќи е безбеден.

Реџепи во снимената изјава на Фејсбук рече дека поединци му се заканувале, за што дополнително ќе се појави во медиумите за да го расветли случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...