Непишаното правило кое се очекува ѕвездите секогаш да го почитуваат е правилото дека не треба никогаш да бидат видени како носат облека повеќе од еднаш. Но голем број од ѕвездите стануваат свесни дека почитувајќи го ова правило поставуваат лош пример, бидејќи купувањето и произведувањето на толку многу нови и нови парчиња облека е штетно за природата, особено во време на климатски промени. Оваа година неколку ѕвезди се појавија на оскаровскиот црвен тепих и на забавата по оскарите во фустани кои веќе ги носеле предходно, наместо нови, испраќајќи силна порака дека се залагаат против климатските промени.

Џејн Фонда на Оскарите во 2014та и 2020та

Елизабет Бенкс во 2004та и 2020та

Хоакин Феникс во истото одело кое го носел намногу настани на турнеата на филмот Џокер и на голем дел од Наградните шоуа

Ариана Хафингтон во 2004та и 2020та

Сепак победник на овој предизвик е Рита Морено која оваа година повторно го носеше истиот фустан од 1962 година кога била добитничка на Оскарот.