fbpx

Речиси 90 отсто од Македонците се религиозни

-

Според истражувањето на „Вин галуп“, две третини од светската популација се смета себеси за религиозна.

Во истражувањето е опфатена и Македонија, каде што 88 отсто од граѓаните рекле дека себеси се сметаат за религиозни, осум отсто се изјасниле како нерелигиозни, два отсто се атеисти, а останатите три процента не се изјасниле

Во истражување биле опфатени 64.000 луѓе од 65 земји во светот.

Од сите земји во светот, најрелигиозна е Тајланд со 94 отсто религиозни жители. Само еден процент од Тајланѓаните изјавиле дека се сметаат себеси за атеисти. Најмалку религиозни земји се Јапонија и Кина, со 13 односно со седум отсто религиозни жители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...