fbpx

Ребалансот на буџетот пред пратениците: Расходите се зголемуваат за 162 милиони евра

-

Владата го испрати во Собрание предлогот за ребаланс на буџетот за 2020 година, во кој меѓудругото се предвидува зголемување на расходите за 10 милијарди денари (162 милиони евра) во однос на првичните буџетски проекции за годинава.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари (4,1 милијарди евра) и се за 4,1 отсто повисоки во однос на планот.

„Имајќи ги предвид настанатите околности извршени се промени во однос на иницијалните проекции на расходната страна на буџетот на Република Северна Македонија, пред се за спроведување на активностите предвидени со четвртиот сет на мерки. Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 30,2 милијарди денари (491 милиони евра) односно на исто ниво во однос на планот. Расходите за стоки и услуги се планирани во износ од 17,8 милијарди денари (289 милиони евра) или за околу 1 милијарда денари помалку во однос на планот за 2020 година, како резултат на мерките за сведување на минимум на сите помалку продуктивни трошења од буџетот, кои суштински и директно не се поврзани со справувањето од корона вирусот, без притоа да се наруши редовното подмирување на обврските на буџетските корисници“, пишува во предлог буџетот.

Инаку, тековните трансфери се планирани на ниво од 178,2 милијарди денари (2,8 милијарди евра) или за околу 12,1 милијарди денари (196 милиони евра) се повисоки во однос на планот за 2020 година, а се однесуваат пред се на преземените мерки за обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 18,4 милијарди денари (299 милиони евра), што е за 1,1 милијарди денари (17,9 милиони евра) помалку во однос на планот за 2020 година. Во предлог буџетот се вели дека намалувањето е резултат на забавени економски активности, пролонгирање на инвестициони вложувања заради изборните дејствија, како и мерки за воздржување од набавки на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19.

Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари (3,1 милијарди евра) и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на првичниот план.

Дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари (920 милиони евра) односно 8,4 отсто од БДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...