Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на ставовите на пратеникот Бојан Стојаноски

Платформата, која постои веќе 10 години, секогаш се води од принципи и начела кои произлегуваат од најдобрата пракса во борбата против корупцијата, како и од стручноста, искуството и истражувањата на нејзините членки, наведено е во реакцијата

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски, да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии, реагираат денеска оттаму.

„Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и од Европската Унија, пратеникот Стојаноски изнесе лични ставови и информации против Платформата. Поради тоа, Платформата најостро реагира и бара Собранието да го осуди ваквото однесување на пратеникот. Платформата, која постои веќе 10 години, секогаш се води од принципи и начела кои произлегуваат од најдобрата пракса во борбата против корупцијата, како и од стручноста, искуството и истражувањата на нејзините членки“, наведено е во реакцијата.

Во Платформата членуваат 14 организации како постојани членки кои со својата работа, како што е наведено, се докажале како искусни и стручни во дејноста и биле вклучени во многу консултативни процеси кои имале за цел да се унапредат одредени системски прашања за борба против корупција кои биле во согласност со меѓународните барања и пракса.

„Во рамки на Платформата сите одлуки се носат врз база на мнозинство, за кои постапки постојат децидно утврдени правила и процедури усвоени од страна на самите членки. Платформата го осудува овој обид да се наруши угледот на нејзините членки, кои исклучиво работат во корист на граѓаните, а тој е јавните институции да го штитат јавниот интерес, да ја спречат корупцијата и да испорачаат услуги во нивна корист. Дополнително, Собранието пропушти можност да овозможи експертска консултации, што е спротивно на искажаните заложби за креирање политики со вклучување на сите капацитети со кои располага македонското општество. Оваа пракса не треба да продолжи и во иднина доколку сакаме да носиме закони во интерес на граѓаните“, се додава во реакцијата.

Во однос на соработката, Платформата останува посветена на своите принципи за креирање на политики преку транспарентен и консултативен процес, со активно вклучување на сите засегнати страни.

„Сметаме дека само преку отворен дијалог и партнерство меѓу граѓанското општество и институциите може да се создаде систем кој ќе одговара на потребите и барањата на сите граѓани. Граѓанското општество, претставено преку Платформата, ќе биде партнер на властите во процесите на креирање јавни политики и јавен интерес засновани на взаемна почит и професионален однос“, наведено е во реакцијата.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...