fbpx

Развигоров тврди, а не проверил: Во Македонија нема закон за македонска национална чест

-

Во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“, Михаил Развигоров, внук на познатиот револуционер Мише Развигоров, зборувајќи за состојбата на Бугарите во денешна Македонија кажа очигледна невистина – дека во земјава е се уште на сила „Закон за заштита на македонската национална чест“.

„…Не е тајна дека веќе 75 години цензурата за пројавување на бугарштина е многу жестока. Тоа произлегува од Законот за македонската национална чест, којшто фактички го криминализира зборот Бугарин и неговото споменување и, соодветно, неговата употреба во најопшта смисла… Тој Закон за македонската го забранува декларирањето и објавувањето на бугарските корени. Тој закон е на сила и во моментов“, вели, меѓу другото, Развигоров.

Неговото тврдење дека е на сила тој закон е невистина. Михаил Развигоров не ги проверил фактите и кажува работи „од малиот мозок“.

Дека нема на сила таков закон кажува и Божидар Димитров, познатиот противник на македонскиот национален идентитет, сега покоен. Тој уште во 2009 година зборува пред Комисијата за правата на човекот, вероисповестите, жалбите и петиции на граѓаните, откако во бугарскиот парламент независна граѓанска иницијатива „Браќа Бугари, ние сме со вас!“ поднесува петиција против малтретирањето на Бугари во Република Македонија. Меѓу другите работи, Божидар Димитров во бугарскиот парламент вели:

„Во Македонија имало (вчера специјално се интересирав за тоа до кога бил на сила – од јуни 1945 дури до 1991 година) Закон за македонската национална свест“.

Истата констатација ја кажува и македонскиот писател, Бугарин по самосвест, Младен Србиновски во интервју за бугарскиот онлајн-медиум „Гласот на Бугарија“ на 14 август 2014 година. На прашањето „Дали уште во Р. Македонија е на сила т.н. Закон за македонската национална чест?“, Србиновски одговара само со „не“.

Инаку, работите во овој поглед почнуваат со Решението на АСНОМ за создавање на суд за судење на престапите против македонската национална чест од 30 декември 1944 и година, кое на 16 април 1945 година добило своја измена и дополнување. Но по предлог на Народната влада на Демократска федерална Македонија, Народното собрание на 1 јули 1945 година изгласува Закон (на 2 страница) за укинување на Решението на АСНОМ за македонската национална чест и неговите измени и дополнувања (споменати во претходната реченица во целост), со кој се укинуваат сите судови за македонската национална чест и постапките што тие ги воделе ќе бидат судени од редовните Народни граѓански или воени судови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...