fbpx

Разгледница од Пикасо продадена за 166.000 евра по телефон

-

За астрономска цена од 166.000 евра е продадена разгледница во вид на цртеж со потпис од познатиот уметник Пабло Пикасо.

Купувачот, американски колекционер чие име не е познато, ја купил разгледницата лицитирајќи преку телефон.

Разгледницата со панорама од воздух на францускиот град По, Пикасо ја испратил на својот пријател, познатиот поет Гијом Аполинер, на 5 септември 1918 година. Но, наместо да напише неколку зборови, шпанскиот мајстор му нацртал цртеж кој, според „Гертнер“, може да се смести во кубистичката фаза на сликарот.

Разгледницата никогаш не пристигнала на адресата на Аполинер. Пикасо ја адресирал на шпански, пишувајќи „Дон Гиљермо Аполинер“, што било доволно париската пошта да му ја врати разгледницата на испраќачот со напомена дека „примателот е непознат“.

Неколку месеци откако му била испратена разгледницата, Аполинер починал од грип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...