fbpx

Разбојник oсуден на 15 години затвор по спогодба со Обвинителството

-

Разбојникот кој на почетокот на септември оваа година, се обиде да ограби менувачница во трговскиот центар во Велес, е осуден на единствена казна затвор од 15 години откако постигнал спогодба со надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес.

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес постигна спогодба со обвинетиот Е.И. за кривичното дело разбојништво, од член 237, став 4, во врска со став 1, во врска со член 19, став 1, од Кривичниот законик, да му се изрече казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, за кривичното дело предизвикување општа опасност од член 288, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик да му се изрече казна затвор во траење од 3 години и за кривичното дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик да му се изрече казна затвор во траење од 9 години и шест месеци, односно како единствена казна да му се изрече казна затвор во траење од 15 години“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму велат дека на денешното рочиште во Основниот суд во Велес била донесена пресуда со која била прифатена предлог-спогодбата. Обвинетиот, како што соопштуваат од Обвинителството, ќе остане во притвор до почнување со издржување на затворската казна.

Разбојништвото за кое е осуден Е.И. се случи на 7 септември во трговскиот центар во Велес, кога тој, маскиран со капа (фантомка) и вооружен со автоматска пушка, со калибар 7,62 милиметри, влегол во менувачницата, заканувајќи му се на вработениот дека ќе го убие ако не му ги даде сите пари. При турканица со вработениот, биле испукани два куршуми. Откако вработениот успеал да го избрка од менувачницата и почнал да бара помош, обвинетиот испукал уште два куршуми пред да биде совладан од случајни минувачи и предаден на полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...