fbpx

Ратко Младиќ осуден на доживотен затвор

-

Поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ, е осуден на доживотен затвор за геноцид и за други злосторства за време на војната во Босна, во текот на 90-тите години на минатиот век.
Младиќ ги предводел силите за време на масакрот во Сребреница во 1995 година и опсадата на Сараево, при што загинаа повеќе од 10.000 лица.

Хашкиот трибунал денеска го прогласи за виновен за 10 од 11 обвиненија.

Седумдесет и четиригодишниот Младиќ не беше присутен во судницата кога се читаше пресудата. Тој беше отстранет затоа што им се развика на судиите.

Судиите го одбија барањето на адвокатите на одбраната да се запре изрекувањето на казната поради високиот крвен притисок на Младиќ.

Судскиот процес против Младиќ почна во 2012 година и е последен случај по кој ќе расправа Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во поранешна Југославија.

Во масакрот во Сребреница беа убиени повеќе од 7.000 босански муслимани, мажи и даца, додека при опсадата на Сараево околу 10.000 лица.

На крајот на војната во 1995 година, Младиќ живееше во бегство во Србија, заштитен од семејството и од припадници на безбедносните сили. Тој беше обвинет за геноцид и за злосторства против човештвото, но 16 години ја избегнуваше правдата. Беше лоциран и уапсен во куќа на роднини во село во Северна Србија во 2011 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...