fbpx

Раствор од јод и аналгин не е волшебен лек за „безнадежни случаи на нозе“

Наведените болести спаѓаат во медицинската гранка ревматологија, а за нивно лекување има упатство од Министерството за здравство, со коешто се предвидени терапија и третман базирани на научни докази, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

-

За „волшебениот рецепт“ што се споделува во постот, фармацевтите стручно појаснуваат дека не може да има лековито дејство. За секоја од наведените дијагнози – радикулитис, артритис, артроза, остеохондроза и сè што е поврзано со мускулите, зглобовите и коскеното ткиво, е потребна лекарска консултација и соодветна терапија, којашто не е иста, туку различна кај различни болести и состојби. Наведените болести спаѓаат во медицинската гранка ревматологија, а за нивно лекување има упатство од Министерството за здравство, со коешто се предвидени терапија и третман базирани на научни докази, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

Ниту еден лекар нема да ви напише рецепт за оваа волшебна мешавина од јод и аналгин – лечи дури и безнадежни случаи на нозе.

Се разбира дека  ова не е точно. А, ваквите објави за „волшебни мешавини“, за кои нема никакви докази дека се лековите, се и неетички и може да предизвикаат штета по здравјето  на луѓето.

Во постот  се споделува текст во којшто  е напишан „рецептот“ за  „чудесна мешавина“ која лекува проблеми со болки во  коски, мускули и зглобови, кој според наведеното, се  состои од следните состојки:

Се препорачаува направената мешавина  да се чува 21 ден на темно место, а потоа да се користи како лек. Притоа се тврди дека:

Лечи сè: за радикулитис, артритис, артроза, остеохондроза и сè што е поврзано со мускулите, зглобовите и коскеното ткиво.

Но, фармацевтите велат дека овој раствор не е лек и не може да се користи за лекување на различни состојби и болести.

Камфор и ментол спаѓаат во група топикални рубефациенси. Влегуваат во состав на препарати за надворешна употреба за болки. Предизвикува ширење на крвните садови на местото на апликација и создавање еритем(црвенило), се создава чувство на топлина кое ја маскира перцепцијата на болка и на тој начин остваруваат аналгетско дејство. Јодот се применува надворешно за спречување и лекување инфекции на рани и опекотини на кожата и тој нема никакво својство за лекување на наведените болести во текстот. Аналгинот е лек за болка (аналгетик) доколку се внесе во организмот системски, односно како орална форма- таблета или како ампула парентерално. Тој нема никакво својство во ваква наведена мешавина и не помага кога се користи надворешно, вели за Вистиномер Катерина Филева, фармацевт од Охрид.

Таа напоменува дека за  секоја од наведените дијагнози во текстот, е потребна лекарска консултација и соодветна терапија, којашто не е иста, туку различна кај различни дијагнози, болести и состојби.

Артритис претставува воспаление на зглобовите.Постојат повеќе од 100 видови на артритис. Најчести форми се остеоартритис (дегенеративна болест на зглобовите) и ревматоиден артритис.

Понекогаш артритичното оштетување може да се забави, но во повеќе случаи се влошува додека болеста напредува, без оглед дали се употребуваат лекови или други облици на лекување за да се намалат симптомите. За болеста е потребна детална дијагностика, консултации со специјалист и соодветна медикаментска терапија.

Третирањето подразбира соодветни медикаменти и физикална терапија, во зависност од индивидуалната состојба на пациентот. Главно тоа се одвива преку она што значи здрав начин на живот, но и суплементите можат да бидат од помош, советуваат лекарите.

 

Важни фактори при лекувањето, но и превенцијата од артритис се и: физичка активност (притоа грижа да не се нанесува непотребен дополнителен стрес на зглобовите), губењето на телесната тежина преку правилна исхрана, усвојување на антивоспалителна исхрана (Медитерански начин на исхрана), суплементирање, редовни прегледи, добар биоритам, сé на сé, работи кои зависат од здравствената едукација на една индивидуа, појаснува д-р Александар Митов магистер по јавно здравје,  во статија оваа тема објавена на неговиот блог

Наведените болести спаѓаат во медицинската гранка ревматологија, а за нивно лекување има упатство од Министерството за здравство, со коешто се предвидени терапија и третман базирани на научни докази. Исто така се напоменува дека медикаменти и физикална терапија се земаат во консултација со лекар.

Клучно е да се каже дека за различни состојби и поттипови на болеста потребен е различен пристап и третман. Според упатствата на Министерството за здравство,  медицинскиот третман на радикулопатиите – болестите на рбетниот столб од вратот до грбот е сосема различен од третманот на остеоартритис.

Физијатрите при артроза препорачуваат медикамнетозно лекување, при што:

За болката се даваат аналгетици, миорелаксанти, разни гелови, ходропротективи за зглобната рскавица.

Постот што без никакви докази рекламира „волшебен рецепт“, а за кој фармацевтите стручно појаснуваат дека не може да има лековито дејство, има речиси 90 споделувања на социјалните мрежи.

Законите велат дека не смее да се рекламира како лек нешто што не е така регистрирано и дека не смеат да му се даваат нереални својства. Дополнително,поради тоа што намирниците претставени во написот може да предизвикаат штета по здравјето на болните, или во најмала рака да ги одвратат од редовните лекарства, прегледи и терапии,

Токму поради наведените факти ниту еден лекар нема да ви препорача ваква „волшебна“ мешавина, бидејќи тоа не лек за болестите наведени во текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук кој ја дезинформира јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...