fbpx

Расправата за „Тврдина 2“ се одложи, Шврговски не стасал да го види предметот

-

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“, на кое требаше да почне главната расправа, се одложи за 26 септември, на барање на Љупчо Шврговски и на Миле Петровски, застапници на обвинетите.

Шврговски од судијката Лидија Петровска побара да го одложи рочиштето бидејќи, како што рече, непосредно пред неговото одржување бил ангажиран за бранител на првообвинетиот Горан Грујовски и на Александра Велиновска и немал можност да го види и да го проучи обвинението во „Тврдина 2“. Од истите причини, одложување на рочиштето побара и адвокатот Миле Петровски.

Претходно адвокат на Грујовски му беше Никола Додевски, кој од причини непознати за јавноста, се повлече од одбраната на повеќето осомничени, а сега и обвинети во случаите на СЈО.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шврговски рече дека ќе го застапува поранешниот директор на управата за безбедност и контраразување, Сашо Мијалков, во сите предмети во кои тој е обвинет.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, немаше забелешки на одложувањето на рочиштето и рече дека обвинетите имаат право на одбрана. Таа додаде дека очекува во септември, по толку многу одложувања, конечно да почне судењето за овој случај.

Во врска со одбиените притвори по поднесените обвиненија од страна на СЈО, таа потврди дека СЈО ќе ги искористи правните лекови и ќе поднесе жалби на одлуките на кривичните совети на Основен суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...