fbpx

Расправата за ребалансот на буџетот прекината еден час порано – продолужува утре

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска еден час порано ја прекина пленарната седница за ребалансот на буџетот, а продолжението го закажа за утре во 11 часот.

И на денешната седница претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека ребалансот што го предлага Владата е неразвоен и дека средствата што се кратат од клучни сектори се пренаменуваат за зголемување на плати и за нови партиски вработувања.

Пратеничката Владанка Авировиќ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека најмногу средства се скратени за образованието и за капитални инвестиции што можеле бргу да се реализираат. За сметка на овие кратења, таа нагласи дека со ребалансот на буџетот има зголемување на платите во сите министерства, како и средства за договорни услуги за привремени вработувања за кои и Европската Унија забележала дека треба да се намалат.

Говорејќи за зголемувањето на минималната плата од 12.000 денари, Авировиќ рече дека на тој начин ќе се направи дистрозија на системот на вредности во приватниот сектор, односно дека ќе придонесе за зголемување на отпуштањата, но и за зголемување на сивата економија.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на ваквите обвинувања возврати дека не се прави кратење на капитални инвестиции, туку се дава реална проекција на буџетот, особено имајќи предвид дека за годинава за капиталните инвестиции биле проектирани 27 милијарди денари, а во изминатите пет години тие не изнесувале повеќе од 19 милијарди денари.

– Секој буџет досега беше лажно проектиран за да се продава приказната дека има развој – одговори Тевдовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...