fbpx

Распишан тендерот за реконструкција на патот Куманово – Страцин на Коридорот 8

-

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ја комплетира реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Ранковце, како еден сегмент од проектот за модерно патно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Распишан е тендерот за реализација на втората фаза од санацијата на делницата меѓу Куманово и Страцин долга 16,6 километри, која што е дел патот Куманово – Ранковце долг 31,8 километри.

Понудите од градежните компании ќе се собираат до крајот на октомври, по што ќе се избере најповолниот понудувач што ќе ја изведува втората фаза од реконструкцијата на патниот правец меѓу Куманово и Страцин.

Преостанатите километри од оваа траса ќе се санираат преку посебен тендер на Делегацијата на ЕУ, бидејќи станува збор за проект финансиран од ИПА средства. Во насока на целосна санација на патот меѓу Куманово и Крива Паланка, ЈП за државни патишта веќе ја финишира обновата на патот од Ранковце до Крива Паланка со должина од 21 километар.

Во претстојните недели треба да биде познат и изведувачот на проширувањето на патот меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, каде во должина од 13 километри треба да се реконструира коловозот и да се изгради трета коловозна лента.

Целта на македонските државни власти е до крајот на 2021 година да биде целосно модернизирано постојното патно поврзување со Бугарија, како и да биде изграден новиот експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка.

Средствата за реконструкција на патот од Куманово до Страцин се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и од ИПА програмата на ЕУ. Дополнително, за проширувањето на последната делница од Крива Паланка до Деве Баир е земен кредит од ЕБОР во висина од 10 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...