fbpx

„Раскринкавање“: Стара сатира за глоби за „сомнителен морал“ е пласирана како вистинска вест

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Босанско-херцеговскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите raskrinkavanje.ba разоткри една лажна вест, чиј оригинал не е ниту вистинска ниту лажна вест, туку сатира која потоа била „позајмена“ од некои сајтови и пласирана како вест, односно дошло до објавување и реобјавување лажна вест.

Текстот и во оригиналот и во пренесените лажни вести вели дека на мажените жени што ќе бидат фатени дека излегле во забава без своите сопруги ќе им бидат изрекувани казни.

Интересно е што оригиналната објава е од сатиричната веб-страница „50 nijansi pivе“, која јасно напоменува дека објавува сатирични текстови и измислици чисто поради забава. Оригиналниот текст таму бил објавен на 22 ноември минатата година, а преобјавената статија, која го привлекла вниманието на новинарот на „Раскринкавање“ бил објавен на 14 декември годинава.

Како изгледа „препишувачкото новинарство“ во БиХ, „Раскринкавање“ илустрира преку споредба на еден пасус од оригиналниот сатиричен текст и текстот во еден од порталите што ја пренеле „веста“.

„Од 1.1.2019 година на сила ќе стапи нови закон според кој сите лица од женски пол што ќе бидат фатени во ноќен провод, ако се сопруги и мајка, ќе мора да платат казна веднаш, а парична казна ќе платат и нивните сопрузи. Законот е ова којшто е едногласно донесен со цел конечно да почнат да се почитуваат некои вистински вредности, оти како општество малку по малку одиме во пропаст“, се вели во уводот на оригиналниот сатиричен текст.

Но, откако бил „позајмен“, на еден портал, уводот добил ваква форма, во која почетокот на спроведување на законот е поместен за една година:

„Од 1.1.2020 година на сила ќе стапи нови закон според кој сите лица од женски пол што ќе бидат фатени во ноќен провод, ако се сопруги и мајка, ќе мора да платат казна веднаш, а парична казна ќе платат и нивните сопрузи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...