Рамадани и Вандески македонски претставници на Европското првенство во атлетика во Талин

Фото: Атлетска федерација на Македонија

Двајца претставници од Македонија ќе учествуваат на Европското првенство во атлетика до 23 години, кое почнува денеска и се одржува до 11 јули во Талин, Естонија. Главната база на случувањата ќе биде стадионот Кадриорг.

Сенад Рамадани е пријавен на две трки, а 20-годишниот атлетичар денеска се натпреваруваше во трката на 400 метри, додека утре (9 јули) ќе се натпреварува на 200 метри.

Во Талин е и Леонид Вандески, а неговата трка е закажа за утре (9 јули) и ќе се натпреварува на 3.000 метри стиплчес.