fbpx

Ракетирања и авионски бомбардирања од исток до запад во Украина

-

Артилериски гранатирања и воздушни напади беа употребени од страна на руските сили во изминатово деноноќие, а петмина се загинати и 13 повредени во гранатирањето на градот Харкив. Во западниот град Лвив, пак, биле регистрирани пет ракетни напади, велат украинските власти.

Како што пренесува Би-би-си, изгледа и дека руските сили се повеќе се насочуваат на тактичките чекори за прекин на линиите на снабдување во Донбас, каде што ја планираат нивната најголема операција.

Џастин Крамп, воен аналитичар и генерален директор на консултанската разузнавачка компанија „Сибилин“, во разговор за Би-Би-Си вели дека руските напади неочекувано помалку ја имале за цел инфраструктурата и воените цели, но сега ги засилуваат напорите на тој план. Голем дел од активностите се насочуваат на запирање на дотур на залихи во целиот Донбас, но и на напади на инфраструктурата во градот Мариупол, каде што украинските вооружени сили одбија да го положат оружјето и да се предадат, како што бараше рускиот ултиматум.

Руските сили се издаваат „дозволи за движење“ на преостанатите цивили во опседнатиот Мариупол, а според советник на градоначалникот, граѓаните не смеат да одат од една во друга населба или да излезат на улица без ваква дозвола. Според украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, руските сили „се одлучни да го срамнат со земја“ пристанишниот град, „по секоја цена“.

Во меѓувреме, во Лвив, кој е на другиот крај на Украина од руската граница, утрово свиреа сирените за тревога, а потоа се слушнале пет експлозии и од погодените места почнал да се издига густ црн и сив чад, пренесува Би-Би-Си,

Руските сили во Источната оперативна зона, и понатаму ја одржуваат делумната блокада на Харкив. Во Донецк, продолжува гранатирање на населбите Сиверск и Покровск. Според украинските вооружени сили, обидите на руската страна да ги освои на јуриш Новотошкивск, Попасна во Луханск, и Авдијивка и Мариинка во Донецк биле неуспешни.

Руските сили се уште се обидуваат да влезат во административните граници на градот Херсон, вели украинската страна.

Првиот човек на Регионалната администрација на Луханск, ги повика цивилите да се евакуираат веднаш, во очекување на голема руска офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика францускиот претседател Емануел Макрон да ја посети Украина за да се увери самиот дека руските сили „извршиле геноцид“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...