Ракетен напад од Русија оштети амбасади на шест земји во Киев, меѓу нив и македонската

Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осуди денешните ракетни напади на руската армија врз Киев

-

Руски ракетен напад врз Киев утрово предизвикал значителна штета на амбасадите на Северна Македонија, Албанија, Аргентина, Палестина, Португалија и Црна Гора, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорги Тихиј, а пренесе Укринформ.

„Денес, гранатирањето оштети неколку амбасади во Киев. Сите овие амбасади се наоѓаат во една зграда, која претрпе значително уништување од ракетниот напад. Прозорците, вратите и елементите на таванот беа скршени“, изјави Тихиј.

Тој го осуди рускиот удар врз дипломатските институции како „апсолутно варварски напад“.

„Секаде во светот, таргетирањето на дипломатските институции ги преминува сите црвени линии и им пркоси на општите меѓународни правила. Со овие напади врз дипломатските претставништва, Русија го потврдува својот статус на апсолутен варвар“, изјави Тихиј.

Според украинското министерство за надворешни работи, во нападот нема повредени странски дипломати.

Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осуди денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

„Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопштија од македонското МНР.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...