Новинар од француската телевизија ТМС вчера при јавување во живо беше шокиран од удар на руска ракета зад него, која што разори хокеј-арена во Друживка, во областа Донецк во Украина.
На видеото што стана вирално на интернет, а го објави и британски „Телеграф“ се гледа како репортерот, отприлика половина секунда по ударот на ракетата се наведнува, а потоа камерата со која што го снимаат паѓа на страна.
На видеото потоа се гледа како камерата се движи кон разурнатата арена, каде има урнатини и оган.
Всушност станува збор за арената „Алтер“, во која работеле најголемото училиште за хокеј и за лизгање во Украина, се дознава од видеото.
По експлозијата сите присутни во студиото занемеа некоклу секунди во шок од она што се случи.