fbpx

Радио Слободна Европа по 17 години се врати со емитување на програма во Унгарија

-

Радио Слободна Европа на 8 септември годинава отпочна со повторно емитување на радио програма во Унгарија. По 17 години пауза, граѓаните на Унгарија можат повторно на својот јазик да слушаат објективно известување засновано на факти во земјата што беше сведок на намалување на медиумскиот плурализам и на дезинформации што го деградираа информацискиот пејсаж.

„Имаме одличен тим на локални новинари решени да бидат главен извор на веродостојни, непристрасни вести“, велат од Радио Слободна Европа во своето обраќање по повод повторното емитување на радио програмата на унгарски јазик.

Програмата на Радио Слободна Европа во Унгарија може да се слуша он-лајн преку нивната дигитална платформа, а подготвените содржини можат да се следат на веб страната www.szabadeuropa.hu и на Фејсбук и Инстаграм. Повторното емитување на програма на унгарски јазик доаѓа во период кога Фридом хаус и Репортери без граници не штедат зборови за критикување на лошата состојба во која се наоѓаат унгарските медиуми и слободата на изразување во периодот на владеење на Виктор Орбан.

Радио Слободна Европа престана да емитува програма во Унгарија во 1993 година, по падот на комунизмот во оваа земја. Неговата радио програма имаше значајна улога во информирање на унгарската јавност со нецензурирани вести во ерата на комунизмот.

Унгарија е третата земја-членка на Европската Унија во која Радио Слободна Европа се одлучи повторно да отпочне со работа. Во Романија и Бугарија лани беше пуштена во етер радио програмата на романски и на бугарски јазик по неколкугодишната пауза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...