fbpx

Радио МОФ ја доби наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

-

Радио МОФ е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ за 2020 година што ја доделува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажни вести“, поддржан од Европската Унија.

„Да се биде добитник на наградата „Роберто Беличанец е големо признание за Радио МОФ и за она што досега го имаме сработено како една релативно мала редакција. Радио МОФ од самото основање се води од премисата дека новинарството е, и мора да биде третирано и признаено како јавно добро. Ова за нас е признание, но и голема обврска за во иднина да бидеме уште подобри, поодговорни и да работиме за јавниот интерес. Да поттикнуваме иновативни, креативни и ангажирани луѓе, а истовремено и одговорни институции, отворени кон јавноста“, велат од тимот на Радио МОФ.

Членовите на жирито едногласно оценија дека Радио МОФ, од повеќе аспекти, заслужува да ја добие наградата, особено имајќи ги предвид заложбите што ги прави овој медиум во промоцијата на новинарството како јавно добро.

Комисијата за доделување на оваа награда разгледуваше четири номинации кои дојдоа од самите новинари или нивни колеги и тоа: Либертас, Пресонлајн, МИА и Радио МОФ.

Критериуми кои беа земени предвид се: континуирано чувство за општествена одговорност и третирање на новинарството како јавно добро, односно залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари и постојано третирање на теми од јавен интерес, како и коректен однос кон вработените т.е. почитување на работничките и професионалните права на вработените.

Поради пандемијата со коронавирусот церемонијата за доделување на наградата нема да се одржи, а плакетите наскоро ќе им бидат доставени на добитниците.

Човекот чие име го носи наградата, Роберто Беличанец (1972 – 2013), беше борец за слобода на изразување и експерт за медиуми. Тој со својата работа остави силен печат во медиумската сфера, но и со својот општествен ангажман, критиките кон секое застранување на властите, кон негативните општествени појави, извртени вредности, како и постојаната борба за слободни медиуми и слобода на изразување

Наградата за медиум промотор на новинарството како јавно добро „Роберто Беличанец“ оваа година се доделува по третпат и е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажни вести“ кој ССНМ го спроведува заедно со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон.

Инаку, наградата „Роберто Беличанец“ за 2019 година беше доделена на медиумите „Мета“, „Вистиномер“ и „Порталб“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...