Радев: Борисов претходно се скри под здолништето на Цачева, сега под тогата на ректорот

Фото: Кабинет на бугарскиот претседател

Пред пет години Бојко Борисов се сокри под здолништето на Цецка Цачева, а сега се крие под тогата на ректорот, порача Румен Радев, бугарскиот претседател и кандидат за втор претседателски мандат, откако доскорешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов не одговори на повиците на Радев да се кандидира за претседател, јави бугарски „Медиапул“.

ГЕРБ, партијата на Борисов, по сè изгледа ќе ја поддржи кандидатурата за претседателската функција на Анастас Герџиков, сегашен ректор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

Радев два пати го повикуваше Борисов да се кандидира, и веста дека тој не одговори на предизвикот, очигледно го разлутила Радев. На претходните парламентарни избори противкандидат на Радев од ГЕРБ му беше Цецка Цачева.

Сегашниот бугарски претседател и поранешниот бугарски премиер се остри политички противници и имаше доста конфронтации кога Борисов ја водеше влада.

Инаку, ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ ќе биде кандидиран од Иницијативен комитет. Герџиков денеска потврди оти „разбрал дека ГЕРБ е подготвена да го поддржи“, пишува „Медиапул“.