Радев бара гаранции за Бугарија, португалскиот претседател повикува на разбирање во спорот со Скопје

-

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска во Софија се сретна со својот португалски колега Марсело Ребело де Соуза. На прес-конференцијата на двајцата шефови на држави се слушнаа различните гледишта за надминувањето на проблемот со бугарската блокада на патот на Северна Македонија кон отворање преговори за зачленување во ЕУ.

Додека Радев повторно побара гаранции за бугарските интереси, претседателот на Португалија дипломатски напомена дека неговата земја како членка што подоцна се приклучила на ЕУ вели дека процесите се сложени, богатството на Европа е во нејзината разноликост, како и дека од најголемо значење е да се отворат патеки преку кои може да се надминат разликите, но сепак зборуваше и за различностите, за индивидуални кандидатури, односно конкретни општества и економии, давајќи со тоа можен сигнал дека за Португалија е прифатливо и одвојувањето на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграцијата.

„Најважната задача е да се врати дијалогот на сите нивоа меѓу Софија и Скопје“, рече Радев, нагласувајќи дека Бугарија има најголем интерес од европската интеграција на нејзините соседи.

Тој изрази надеж дека дека португалското претседателство и лично претседателот Марсело Де Соуза можат да „најдат приод којшто ќе се базира на почитување на ставовите и проблемите на земјите за коишто станува збор и за почит кон нивните позиции“.

„Базирајќи се на тој пристап, јас гледам отворање перспектива за интензивно возобновување на дијалогот, за разработување на соодветните патни карти, на соодветните документи и односи на сите структурни нивоа што ќе ги дадат соодветните гаранции за нас, најмногу поради тоа да се увериме дека процесот на раширување ќе биде ефикасен,стабилен и неповратен“, порача бугарскиот претседател.

Во делот на тоа дали дали Скопје ги исполнува условите, постои цела листа на формални услови, рече бугарскиот претседател. Според него, треба да се работи на тоа младите во двете земји, и воопшто, граѓаните, да не се мразат едни со други.

Португалскиот претседател, пак, зборуваше за потреба од разбирање, но и за тоа дека сите се различни, инсинуирајќи дека се можни раздвоени процеси за Северна Македонија и за Албанија.

„Прашањето на историјата е чувствително и ние приоѓаме со разбирање и почит, но не треба да има предрасуди и комплекси кон проширувањето на ЕУ. Знаеме дека има европски држави коишто поради причини што ние ги почитуваме имаат различни гледишта во однос на прашањето за Северна Македонија. Португалија за тоа прашање има принципиелна позиција. Ние не сакаме да пристапуваме со предрасуди кон проширувањето на ЕУ. Ние самите не сме основачи, туку сме влегле преку проширување. Сметаме дека тие процеси се сложени и подразбираат индивидуални кандидатури, конкретни народи, конкретни економии и општества. Нема двајца еднакви Европејци. Богатството на Европа е во нејзината разноликост. Затоа има различни етапи на проширувањето“, рече Де Соуза.

Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ во Западен Балкан е чувствителна тема за многу земји.

„Не е чувствителна само за земјите што се членки на ЕУ, но и за држави што се надвор од ЕУ, но сакаат да влезат во неа. Тоа што има најголемо значење е да се отворат патеки преку кои ќе се надминат разликите. Може да има различни гледни точки во рамките на ЕУ и надвор од неа, но португалската позиција е за постојан дијалог, разбирање и проникнување во туѓите проблеми. Да нема никаков вид предрасуди и комплекси во однос на проширувањето на ЕУ. Да се следи со интерес и внимание она што ни го кажуваат нашите пријатели во ЕУ коишто подобро го познаваат регионот. Тоа што го кажуваат земјите-членки на ЕУ што се соседи на регионот. Ја следиме темата многу внимателно и со одушевување за напорите за дијалог што ги вложуваат и Бугарија и нејзинито сосед Северна Македонија“, рече претседателот на Португалија.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...