fbpx

Работник загинал при пад од бетонски столб

-

Работник го загубил животот при пад од бетонски столб од висина од околу шест метри, информира полицијата.

Педесет и тригодишниот Алекса М. од селото Удово, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, но, како што информираат од полицијата, на влезот во Скопје им подлегнал на повредите.

Претходно, лекарите во Медицинскиот центар Гевгелија, каде му била укажана првична помош, констатирале тешки повреди на ’рбетот, главата и на екстремитетите.

Работникот, според полицијата, настрадал додека отстранувал дефект на телефонски кабел во гевгелиското село Мрзенци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...