Работен состанок на мрежата на директори на агенциите за животна средина во Европа

Во рамки на настанот, заменик министерката Лашкоска, оствари повеќе средби со претставници од Европската Комисија, директорите на агенциите за животна средина од повеќе европски земји, како и со бројни експерти кои учествуваат во работата на ЕПА мрежата и придонесуваат за ефективна имплементација на европската регулатива за животна средина

-

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со претставници од Македонскиот информативен центар за животна средина, учествуваа на 43-от состанок на мрежата на високи претставници и  Директори на агенциите за заштита на животната средина во Европа (ЕПА мрежата) што деновиве се одржа во парламентот на Виена, Австрија. Мрежата е формирана од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА.

На состанокот, претставниците од ЕЕА изразија задоволство од напредокот на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање со земјите од Европа, потенцирајќи го успехот во известувањата со податоци и информации за состојбата на животната средина во нашата држава. Тие, исто така, укажаа и на успехот од континуираните активности за јакнење на капацитетите на Министерството за  животна средина и просторно планирање и редовното учество во работната програма на ЕЕА, како агенција формирана од Европската Комисија.

Во рамки на настанот, заменик министерката Лашкоска, оствари повеќе средби со претставници од Европската Комисија, директорите на агенциите за животна средина од повеќе европски земји, како и со бројни експерти кои учествуваат во работата на ЕПА мрежата и придонесуваат за ефективна имплементација на европската регулатива за животна средина.

Како дел од работната агенда, извршниот директор на Европската агенција за животна средина, Лена Ила Мононен, презентираше информации за напредокот на имплементацијата на клучните политики за заштита на животната средина во Европа, предизвиците кои доаѓаат од развојот на AI – вештачката интелигенција, како и потенцијалните влијанија врз животната средина или можностите за користење на овие алатки при решавање на притисоците и предизвиците во животната средина.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...