fbpx

Путин се заканува, во Кијив повторно руски ракетни напади

-

По подолга пауза, Кијив, главниот град на Украина, утрово повторно го вознемирија експлозии од ракетни напади, за кои Русија вели дека биле насочени на доставена воена техника и оружје од Западот за украинските одбранбени сили, при што биле уништени тенкови, јави Асошиејтид Прес (АП).

По помалку од два месеца откако Русија објави дека прекинува со напади на главниот град на Украина и други делови и ќе се посвети на Донбас, на југоистокот на земјата, во Кијив повторно паднаа ракети, а рускиот претседател Владимир Путин дека достава на какви било долгометни ракетни системи од Западот на Украина „ќе ја натера Москва да погоди објекти што досега не сме ги погодиле“, пренесува АП.

Заканата на Путин доаѓа откако САД најави безбедносна помош на Украина во вредност од околу 700 милиони американски долари, вклучително и четири високопрецизни ракетни системи со среден домет, хеликоптери, анти-тенковски ракети Џевелин, радари, тактички возила, резервни делови и друго.

Воените аналитичари велат дека Русија се обидува да го освои целиот Донбас пред да стигнат ракетните системи од САД. За тоа ќе требаат најмалку три седмици.

Руските сили напаѓаа железничка и друга инфраструктура во Кијив, но од украинска страна не стаса потврда дека биле погодени тенкови. Соопштено е само дека од руска страна биле испукани пет ракети КХ-22 врз железничко депо. Засега е познато само дека едно лице е повредено во нападите.

Според градоначалникот Витали Кличко, експлозиите биле западно од центарот на Кијив – во населбите Дарницки дистрикт и Днипровски дистрикт.

Русија рече дека нападите биле вршени со долгометно ракетно оружје.

Во меѓувреме, продолжуваат жестоките борби околу Северодонецк, кој е во последниот џеб останат во Донбас под контрола на Украина. Сепак, украинските сили ги задржуваат позициите, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски. Голем дел од градот е во урнатини, но во него уште има илјадници цивили што се кријат во подрумите.

Регионалниот гувернер Серхиј Хајдај рече дека руските сили ги разнесуваат мостовите на реката, за да спречат украинските сили да донесат засилување и помош за цивилите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...