fbpx

Путин прогласи победа во Луханск, руските сили ќе се насочат на целосно освојување на Донецк

-

Откако Русите го освоија и Лисичанск, последниот голем град во украинскиот регион Луханск, рускиот претседател вчера прогласи победа во Луханск и им порача на руските воружени сили да продолжат со остварување на целите според „претходно одобрените планови“, пренесува Би-Би-Си.

Борбените дејствија сега се пренасочуват на соседниот регион Донецк, кој околу половина е под руска воена контрола, а останатата половина од рано утрово е под силен оган, со многу ракетни напади. Но, напади се вршат и во другите делови на југозападна и јужна Украина коишто сѐ уште се под контрола на украинските вооружени сили, известува украинската новинска агенција ukrinform.net.

Шест руски ракети биле соборени утрово од украинските сили во регионот Днипропетровск, а една стасала до својата цел. Ракетите се соборени над градот Днипро, а ракетата што ја погодила целта паднала во населба во гратчето Покров и уништила неколку куќи и објекти во дворови, по што настанал и пожар. Пожар избил и во Днипро, од остатоците на една од уништените ракети.

Оклопните единици на руските сили се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана во Донецк, кај Спирне и Новолуханске. Дополнително, опасноста регионот да се ракетира од земја и од авиони што се над територијата на Белорусија е постојано присутна.

Во село во регионот Суми, хеликоптер Ми-24 нападнал школски објект, а во правец кон Харкив, напорите на рускиот окупатор се насочени кон спречување продор на украинските сили, известува ukrinform.net.

Артилериски напади се вршат постојано на целата територија што „ја држат“ украинските сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...