Путин прогласи едностран прекин на огнот во Украина за празникот Велигден

Примирјето ќе започне во сабота во 18 часот по локално време и ќе трае до полноќ во недела, соопшти Кремљ

-

Рускиот претседател Владимир Путин објави еднострано велигденско примирје во војната во Украина, соопшти Кремљ. Од украинска страна засега нема официјална реакција.

„Денеска од 18:00 (15:00 по Гринич) до полноќ во недела (21:00 по Гринич), руската страна прогласува велигденско примирје“, изјави Путин во телевизиско обраќање во саботата, додека разговараше со началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов.

Путин изрази очекување дека Украина ќе го следи примерот на Русија и додаде дека постапките на Киев за време на примирјето ќе покажат дали е подготвен за мирно решавање на конфликтот.

Сепак, тој му нареди на Герасимов да ги подготви трупите за одбрана во случај на прекршување на примирјето од страна на Украина.

Руското Министерство за одбрана на платформата Телеграм соопшти: „Режимот на прекин на огнот се воведува од хуманитарни причини и ќе го почитуваат Заедничките руски сили, доколку истиот биде взаемно почитуван од страна на киевскиот режим.“

Минатиот месец, Путин се согласи на 30-дневна пауза од нападите врз енергетската инфраструктура во Украина, по телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Сепак, двете страни пријавија бројни случаи на продолжување на нападите и покрај договорот.

Путин одби да ја прифати пошироката иницијатива за 30-дневно примирје поддржана од САД, која Украина изрази подготвеност да ја спроведе.

Според руски медиуми, во саботата Путин ја обвини Украина дека над 100 пати го прекршила примирјето преку напади на енергетски објекти, но нагласи дека состојбата на фронтот засега е поволна за руската страна.

Тој исто така изјави дека Москва „секогаш била подготвена за преговори“ и ги поздрави напорите на САД, Кина и други држави за постигнување правично решение за Украина.

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...