fbpx

Путин присуствувал на годинешнава Велигденска литургија во Москва

-

Фотограф на „Асошиејтед Прес“ го фотографирал Путин на службата за Велигден во Москва. Фотографиите покажуваат дека тврдењата дека рускиот претседател не бил на велигденската литургија во црквата Христос Спасител во Москва и дека снимката од руските државни медиуми е или стара или претходно снимена, се невистинити. И други реномирани медиуми како „Ројтерс“ и „Франс Прес“, исто така објавија свои фотографии од литургијата, прикажувајќи го Путин веднаш до градоначалникот на Москва. „АФП“ објави и снимка која јасно го прикажува Путин на литургијата заедно со членови на свештенството и верниците, пишува „Вистиномер“.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделен медиумски напис за претседателот на Русија, Владимир Путин. Написот се однесува на наводното неприсуство на Путин на велигденската литургија во катедралата Христос Спасител. Насловот на написот гласи:

Видео Разоткриена бизарната пропаганда на Кремљ: Путин не присуствувал на литургијата.

Во написот се вели дека официјална Москва, потврдила дека Путин се појавил на полноќната велигденска литургија во катедралата Христос Спасител во руската престолнина.

Меѓутоа, понатаму во текстот, ова тврдење се негира и се кажува дека на социјалните мрежи кружат видеа на кои се тврди дека е „разоткриен најновиот бизарен пропаганден трик на Кремљ“.

Според тие снимки, Путин или воопшто не бил на литургијата или стоел настрана за време на богослужбата, целосно изолиран од сите, на место оддалечено десетици метри од другите верници и што е најважно, далеку од местото каде што е прикажан во официјалното видео.

„На првото, официјално видео на московските државни медиуми, Путин јасно се гледа на снимката од литургијата, но внимателно око ќе забележи дека секој пат е во кадар исклучиво или сам или во друштво на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. Во еден момент Путин јасно може да се види како стои со свеќа во рацете, пред пиедестал со круна и се крсти. 

Меѓутоа, во следниот кадар од официјалното видео, на кое се прикажува самата богослужба, додека камерата го снима патријархот Кирил како го извршува обредот, во позадина е местото каде што стои Путин во претходниот кадар – пред пиедесталот со круната – но рускиот претседател го нема никаде! Дури и Собјанин е на негово место од претходниот кадар, но од Путин нема ни трага ни глас. 

И за крај, следува третото видео кое го прикажува просторот на целата црква и кое наводно целосно го разобличува заговорот на Кремљ! На него јасно се гледаат Путин и Собјанин како стојат на истите места каде што официјалниот Кремљ ги прикажал – пред пиедесталот со круната, а во еден момент јасно се гледа дека воопшто нема луѓе околу нив. Освен двајцата членови на обезбедувањето кои стојат на пристојна дистанца, во позадина се гледаат само луѓе кои или чекаат да започне литургијата или се назначени за статисти“, пишува во написот  придружуван од видео на социјалната мрежа Твитер. 

Меѓутоа, новинарите кои проверуваат факти во „Асошиејтед Прес“, ги демантираат ваквите непотврдени и невистинити информации дека Путин наводно бил претходно снимен и не присуствувал на полноќната велигденска литургија. Вакви видеа и тврдења се појавија на повеќе социјални мрежи ширум светот, а пренесени беа и во земјава.

„Фотограф на „Асошиејтед Прес“ беше на службата за Велигден во Москва и го фотографираше Путин на настанот. Тврдења дека тој не бил на велигденската литургија во црквата Христос Спасител во Москва, нашироко циркулираа на социјалните мрежи и некои корисници тврдеа дека снимката од руските државни медиуми е или стара или претходно снимена. Но, фотографиите покажуваат дека овие тврдења не се вистинити и дека Путин беше дел од велигденската богослужба во Москва во неделата“, пишува „Асошиејтед Прес“. 

Фотографиите кои ги снимил нивниот фотограф може да се најдат на следниот линк.

И други реномирани медиуми како „Ројтерс“ и „Франс Прес“, исто така објавија свои фотографии од литургијата, прикажувајќи го Путин веднаш до градоначалникот на Москва. „АФП“ објави и снимка која јасно го прикажува Путин на литургијата заедно со членови на свештенството и верниците.

И претходните години Путин беше снимен во слични богослужби за Велигден. Во 2021, 2019 и 2018 година,тој е облечен слично и стои во истиот дел од црквата на службата секоја година. Но, споредбата на фотографиите од 2022 година и 2021 година покажува дека има разлики, односно дека Путин годинава носеше потемна боја на вратоврска а свеќата има заштитен дел за да капе восокот.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Путин не присуствувал на велгиденската литургија годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...