Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја, му соопштил претседателот на Русија, Владимир Путин на македонскиот претседател Ѓорге Иванов при нивната средба денеска во Москва.
– Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа – рекол претседателот на Руската Федерација.
Путин изразил задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и дека има позитивно движење во економската размена.
На почетокот на средбата Путин му ја честитал наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.