Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина

Ова е трета средба меѓу Путин и Виткоф оваа година, а ден претходно, Трамп на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од потрошеното време на преговори

-

Американскиот пратеник Стив Виткоф вчера се сретна со Владимир Путин во Санкт Петербург, додека американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател „да продолжи напред“ за прекинот на огнот во Украина.

Според соопштението на Кремљ, средбата траела повеќе од четири часа, а главна тема биле „аспектите на украинското решение“.

Ова е трета средба меѓу Путин и Виткоф оваа година, а ден претходно, Трамп на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од потрошеното време на преговори.

„Русија мора да се активира. Премногу луѓе умираат, илјадници неделно, во страшна и бесмислена војна,“ напиша Трамп.

Претходно во петокот европските земји се договорија за воена помош од 21 милијарда евра за Украина, додека министрите за одбрана на ЕУ изјавија дека не гледаат знаци за крај на војната.

 

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...